Фотографијата која го покажува напнатото лице на еден човек кој му го дава бебето на својот сопатник под бодликавите жици на српско-унгарската граница ја доби првата награда на World Press Photo, најпрестижниот конкурс на фото новинарството во светот.
Фотографијата го носи насловот «Надеж за нов живот» а автор е независниот фотограф Австралијанецот Ворен Ричардсон кој повеќе денови кампувал со бегалците.
Како што самиот сведочи, таа ноќ, на 28 август 2015 година, видел група од 200 луѓе кои се криеле под дрвата и се обидувале децата, жените и постарите лица да ги префрлат од другата страна бна жицата на српско-унгарската граница.
Црно-белата фотографија, направена на светло на месечината, без флеш за да не се привлече полицијата, ја отсликува целата драма на овие луѓе кои се во потрага по подобар живот.
На овој 59 конкурс на World Press Photo беа пријавени 82,951 фотографии изработени од 5,775 фотографи од 128 земји. Награди добија 41 фотографии од 21 земја.
Сирија: Татко ја гледа својата ќерка, убиена во војната, автор Абд Думани
Сирија: Рането девојче чека медицинска помош, автор Самер Ал-Думи
Сирија: Рането девојче чека медицинска помош во градот Дума, автор Абд Думани
Сите наградени фотографии можете да ги погледнете на сајтот http://www.worldpressphoto.org/