НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуке Бојаџиев: Својата музика ја сметам за еден вид алтернативна медицина

0
By Нова ТВ on February 19, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дуке за својата музика вели дека нема временски печат и дека извира од длабочините на срцето и душата. Reborn, импресиите од слушањето на истата оваа музика, би ги опишале како еден симпатичен немир, би ги споредиле со чувството на носталгија кон нешто непознато, со Водно наутро, појадок во кревет во недела и со добивањето на подарок кој си го посакувал а не си го очекувал.

Во продолжение интервјуто со македонскиот виртуоз.

Освен вашиот татко, Тодор Бојаџиев, дали постои друга личност која беше ваша инспирација?

Енио Мориконе, Вангелис, Стинг, Пет Метини се неколку од моите херои од детството.

Што се случи по завршувањето на медицинскиот факултет? Како се сврте приказната да завршиш на Беркли? Медицината каде е сега во твојот живот?

Додека студирав медицина паралелно се развивав како композитор и продуцент, на крајот на моитe студии една година работев само музика. Во тој период аплицирав на Беркли, ме примија, се спакував и си заминав. Мојата музика сега ја сметам за еден вид на алтернативна медицина.

Како создаваш музика за еден филм? Дали тоа се случува така што ти испраќаат сцени од филмот, па од таму ја наоѓаш инспирацијата или едноставно ти ја креираш музиката и подоцна бираш во која сцена ќе се вметне? Или пак можеби целиот процес оди паралелно, гледање-компонирање?

Сè што кажа е опција, секогаш е различно, но најчесто почнува со читање на сценариото и гледање на филмот. Потоа ја преточувам инспирацијата во музика, па на крај музиката ја адаптирам за сцени како што најмногу одговара. Тоа е најкратко објаснување, иако се работи за долг процес кој поминува низ многу фази.

Како се создаде „Love is the way”, нашата омилена?

Тоа е една многу интересна приказна. Бев на посета кај драг пријател во Мајами кој ме запозна со поезијата на Руми од која бев навистина воодушевен. Кога си заминав имав заборавено нешто кај него, и кога се вратив во Њујорк го замолив да ми го испрати по пошта. Заедно со пакетот тој ми го испрати и текстот на „Love is the way” од Руми како едно резиме за сите наши дискусии за мистериите на животот. Поезијата толку ме обзеде што во истиот момент седнав на пијано и ја напишав музиката. Во еден здив.

Соработуваш со многу македонски артисти (Каролина, Македонска филхармонија, Мартина Блажеска…). Кои соработки ти се омилени? Има ли некој патерн кој го следиш при избор на следен автор за соработка? Можеш ли на македонската публика да и направиш една дистинкција помеѓу македонските и странските проекти?

Немам дистинкција, бидејки паралелно ги работам, истата музика ја презентирам и кај нас и низ светот. Соработките се обично спонтани, никогаш не биле со голем план, туку првин со добро чуство кое потоа со фокус и работа се реализирало.

На 20.02.16 македонската публика ќе има можност да го слушне и види твојот проект насловен како „Дуке и пријателите”. Како дојде до овој проект?

Како природна еволуција на досегашните проекти. Тука се спојуваат многу мои долгогодишни соработници, организацијата е во раце на Авалон Продукција, веќе многу докажана продукциска куќа во целиот регион. Посебно се радувам на гостувањето на мојот драг и многу почитуван колега и пријател, Влатко Стефановски.

Дали успеа да ги пребродиш сите твои предизвици и проблеми на почетокот на кариерата во Америка?

Не беше лесно, но беше многу интересно. Од релативно мирен и спокоен живот се најдов на животен тобоган кој не знаев точно каде оди но му верував дека ме носи на вистинскиот пат. Во Бостон се адаптирав на новата мулти култура со пријатели од целиот свет, а кога дојдов во Њујорк почнав активно да ја развивам кариерата.

Која е музиката која Дуке Бојаџиев ја слуша на крајот на денот?

После цел ден работење музика во студио, на крајот на денот тишината ми е најдобра музика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.