Грција се закани дека доколку партнерите од ЕУ не и гарантираат дека до 6 март нема да го затворат границите за бегалците, ќе го блокира договорот со кој Британија би се задржала во Унијата.
Ова како што јавија светските агенции, по денешните маратонски разговори во Брисел го изјавил неименуван владин претставник.
– Бараме единствена одлука до 6 март, кога е планиран самит ЕУ – Турција, ниту една држава еднострано да не ги затвори границите. Ако тоа не се случи грчката Влада нема да го усвои завршниот текст на тнр. Брексит Самит, вели изворот.
Австрија претходно денеска најави дека ќе прифати максимум 80 барања за азил дневно и на тој начин ќе ги ограничи дневните квоти за транзит на луѓе.
– Ако Австрија ги затвори границите тоа ќе им домино ефект врз нас, вели извор од грчката Влада.
– Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека позицијата на Германија нема да се промени до овој датум. Истото го бараме и од останатите членки на Унијата, порачуваат од Атина.




