Published: Saturday, February 20, 2016 19:13
При воздушните напади врз позициите на Исламската држава во либискиот град Сабрата, загинале двајцата службеници на Србија во српската амбасада, кои беа киднапирани пред три месеци.
Премиерот на земјата, Александар Вучиќ потврди дека двајцата киднапирани, Слаѓана Станковиќ, шефицата за комуникации и нејзиниот возач, Јовица Степиќ се убиени денеска.
На прес конференција во Белград, Вуќиќ рече дека ќе инсистира да добие одговор од САД дали знаеле дека на местото кое го бомбардирале, се наоѓале и државјани на други земји.
Тој истакна дека киднапираните службеници ќе беа ослободени, доколку не загинеа во американското бомбардирање.
Двајцата службеници во српската амбасада во Либија беа киднапирани во ноември.



