Published: Tuesday, February 23, 2016 10:10
Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил писмо со негова фотографија, куршум и заканувачка порака.
Писмото стигнало адресирано на негово име во Владата.
Од Kабинетот на Борисов само потврдуваат дека таква порака стигнала, но не сакаат да ја коментираат.
Борисов за медиумите изјави дека не е загрижен за заканата и дека таа е поврзана со неговата одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Според бугарските медиуми, токму од вакви причини Борисов минатата недела откажал неколку јавни настапи.




