НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на МОБ:Да се подобрат условите за работа, а не да се реновираат столици

0
By Нова ТВ on February 25, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на Македонската опера и балет упати апел до министерката за култура да се ангажира во создавање основни услови за работа на уметниците во оваа институција, како реакција на нејзината изјава во однос на реновирањето на гледалиштето во МОБ.

– Под услови подразбираме: уредни гардероби и тоалети кои последниве години наликуваат на се освен на тоа за што се наменети, обезбедување потрошен материјал за инструменти кој го немаме земено повеќе од година и половина, костуми и фустани за јавни настапи (работни униформи), столови за оркестар и хор за јавни настапи и пултoви за ноти кои ќе обезбедат минумум светлина потребна за професионално извршување на нашите работни обврски, се вели во соопштениетот од Синдикатот.

Тие истакнуваат дека на ова предупредувале повеќе години наназад и дека министерката Канческа Милевска повеќепати ја посетила институцијата и ги видела условите во кои тие работат.

– Удобноста на гледачите и слушателите нема да ја зголеми продуктивноста на музичарите кои седат на неудобни столови и го губат видот читајќи ги нотите на полуосветлен пулт. Уметноста се создава од задоволство и испирација, желба да се твори, а не под јаремот на нужноста, заради само докажување на раководството дека успева од ништо да направи нешто, во никакви услови, врз грбот на оние кои чесно си го заработуваат лебот, велат од Синдикатот на МОБ.

Тие укажуваат и дека климата во институцијата не е на завидно ниво и уметниците се на работ од трпението, „бесцелно прашувајќи се дали зголемениот обем на работа кој паѓа врз грбот на уметникот ќе придонесе за решавање на проблемите на уметниците или со нивниот двојно зголемен труд ќе треба само да се затворат финансиски дупки направени од раководството“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.