Грција го отповика својот амбасадор од Виена, откако Австрија одржа состанок со земјите од Балканот посветен на мигратнската криза, на кој не беше поканета Грција. Според Атина тоа е “непријателски акт“ и амбасадорот е повикан на консултации.
Грчкото МНР ја потврди оваа информација.
Изминатата година над 1 милион мигранти пристигнаа во ЕУ, повеќето од нив бегајќи од војните во своите матични земји, а многумина од нив или влегуваа од Грција или загинаа во морските води пред да стигнат на грчкото копно.
Претставници на 10 земји меѓу кои и балканските вчера одржаа координативен состанок за управување со мигрантската криза.
Грција е децидна дека доколку земјите од ЕУ не се држат до одредени квоти за прифаќање на бегалци и ја остават на цедило, ќе ги блокира сите одлуки на ЕУ.




