Адвокатот на иранскиот лидер Садам Хусеин и на некогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, Италијанецот Џовани ди Стефано, не бил вистински адвокат туку измамник, гласи пресудата, што денеска ја донесе поротата во судот во Лондон.
57 годишниот Ди Стефано, познат како „адвокатот на ѓаволот“, ги мамел своите клиенти за големи суми на пари и покрај тоа што немал правна квалификација, ниту пак бил регистриран дека се занимавал со адвокатура во Италија и во Британија, пренесе „Ројтерс“.