Published: Friday, February 26, 2016 20:01
Хашим Тачи беше избран на претседател на Косово во третиот круг гласање во парламентот. Тој доби 72 гласа од 82 присутни пратеници.
Вториот круг на гласањето за претседател на Косово денес во Приштина не беше успешен затоа што Хашим Тачи не доби доволен број гласови.
Во меѓувреме пред косовското собрание полицијата се судри со демонстрантите и употреби водени топови а претходно пратениците на опозицијата активираа солзавец во собранието за да го искажат своето незадоволство со предлогот за избор на Тачи.
Во центарот на Приштина веќе трет ден кампуваат поддржувачите на опозицијата и бараат вонредни избори и не сакаат дозволат Тачи да стане претседател.
Претседателката Атифети Јахјага го завршува својот петгодишен мандат на 6 април.




