Откако во еден од своите говори Трамп изјави дека ако станел претседател ќе ги сменел законите така што ќе имал можност да ги тужи постојано весниците како Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост.
„Една од работите што ќе ги направам ако станам претседател е да ги ревидирам законите за клевета, така што ако напишат намерно негативен и ужасен текст ние ќе ги тужиме и ќе им земеме многу пари. Ние ќе ги смениме овие закони и секогаш кога Њујорк Тајмс ќе напише нешто што е срамно или, пак, когаа Вашингтон Пост, кој е тука од други причини, ќе напише такво нешто, ние нив ќе ги тужиме и ќе добиеме многу пари наместо да немам никакви шанси за победа само затоа што тие се навистина заштитени“, рекол Трамп завчера во еден негов говор.
„Напад врз медиумските закони е логично продолжување на неговата реторика, да не је споменуваме заканата за американската демократија. Најпосле, тој веќе презентираше една длабоко недемократска идеја за независноста на медиумите“, пишува еден од уредниците во Вашингтон Пост кој тврди дека Трамп веќе со месеци ги малтретира камерманите на снимањата на неговите говори во обиди да ги снимале аглите што тој сметал дека требало, а навредил стотици репортери коишто напишале нешта кои нему не му се чинат добри.
„Медиумите можат да одат кон некого со голема доза на агресивност затоа што Законот на земјата на земјата гледа на оние кои се изложени на погледот на јавноста како на некои кои сами се ставаат на располагање за поголема контрола под рефлекторот на одговорноста“, пишува весникот објаснувајќи му ја на Трамп суштината на Првиот амандман од американскиот Устав.




