Група мигранти од кампот Џунгла во францускиот град Кале си ги сошија устите во знак на протест против уривањето на дел од кампот, кој судот го прогласи за небезбеден и без елементарни услови за престој.
„Ние сме луѓе“ и „Каде е нашата демократија? Каде е нашата слобода?“ „Ја напуштив својата земја за да ги најдам своите човекови права, но за жал и овде ги нема“, пишува на дел од транспарентите што ги испишаа.
Вчера беа демонтирани повеќе шатори, а дел од нив беа запалени претходните денови во знак на протест.
Франција сака мигрантите кои повеќето доаѓаат од земји во војна и во сиромаштија од Средниот Исток и северна Африка, да се преселат во други кампови и прифатилишпта ширум земјата.
Сличен протест во ноември имаше и на македонско грчката граница кога неколкумина мигранти од Иран, Курдистан и Пакистан си ги зашија устите со игла и со конец, во знак на револт поради одлуката на Македонија да не им се дозволи влез во земјава на економските мигранти.




