Поранешниот бразилски претседател Луиз Игнасио Лула да Силва приведен е во рамки на поширока истрага за корупција во државната нафтена компанија Петробрас.
Тој бил однесен на сослушување откако претходно агенти на федералната полиција извршила детален претрес во неговиот дом.
Лула кој беше на власт до 2011.година ги негира обвинувањата, но полицијата тврди дека поседува докази дека Лула примал нелегални средства како мито.
Со долготрајната истрага позната како „Операција пералница“ се опфатени повеќе луѓе обвинети за корупција и перење пари во Петробрас.
Според бразилските власти издадени се 11 налози за приведување, и дека во акцијата учествувале 200 федерални агенти во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и Баија.
Лула како претставник на Работничката партија, беше претседател на Бразил во два мандата, а на функцијата го наследи Дилма Русеф, која тој ја фаворизираше.




