Претседателот на Зимбабве 92 годишниот Роберт Мугабе му се заканил со ќотек на новинар од државната телевизија, бидејќи го прашал кога же си замине во пензија.
– Сакаш со еден удар да те турнам на подот за да сфатиш дека јас и натаму сум овде?, рекол Мугабе, кој во јавноста е познат по неговите милитантни изјави.
Неговата реакција била на прашање во интервју за државната телевизија за плановите за пензионирање и за тоа кој би можел да биде негов наследник.
– Зошто наследник кога јас се уште сум тука? Зошо сакаш наследник?, одговорил Мугабе.
Роберт Мугабе е на чело на Зимбабве од нејзиното основање во 1980.година, на остатоците од Родезија, земјата со која управуваа белци. Тој вели дека нема да ја предаде власта и ги офрли како шпекулации информациите дека неговата политички амбициозна сопруга Грејс планира да го наследи.




