Словачкиот премиер Роберт Фицо, познат по својата анти-бегалска реторика, победи на парламентарните избори во саботата со 27,6 отсто од гласовите но го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот.
Неговата партија СМЕР-СД ја следи партијата на либералите СаС со 13, 30 отсто гласови и конзервативците ОЛАНО-НОВА со 11,20 отсто гласови.
Националистите од партијата СНС, кои најверојатно ќе бидат коалициони партнери на СМЕР како и досега, се на четврто место со 8 отсто гласови а по нив на петто место е партијата на унгарското малцинство со 7.30 отсто гласови.
Екстремната десница од партијата Наша Словачка влегува во Парламентот до 6,7 отсто гласови.
Фицо е на власт од 2006 година и ова ќ ему биде трет мандат. Неговата кампања беше фокусирана на одбивањето за прием на бегалците но штрајковите на професорите и болничарите го намали очекуваниот успех на Фицо на изборите.
Во досегашниот Парламент СМЕР имаше мнозинство од 83 места од вкупно 150.




