Најголемиот турски дневен весник „Заман“ денеска на насловната страница објави серија провладини текстови, со што и официјално државата ја презеде контролата врз уредувачката политика врз овој до скоро проктитички весник.
На насловната страница е сликата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а објавени се и текстови за неговата планирана посета на местото каде што се гради мост на Босфор и за неговиот прием по повод Меѓународниот ден на жената.
Минатата недела полицијата упадна во канцелариите на „Заман“, кој важи за близок на Фетула Ѓулен кој живее во САД, инаку најголем политички непријател на Ердоган.
Упадот бил во врска со истрагата за сомневањата дека движењето на Ѓулен било поврзано со тероризам. На 5 март се одржаа протести поради упадот на турските власти.




