Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стандард: Брисел драматично ја менува политиката кон бегалците

0
By Нова ТВ on March 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2016 10:32

Лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе се обидат да ја „запечатат“ балканската рута, да ја зголемат помошта за Грција и ќе се обидат да го убедат турскиот премиер да го забави приливот на бегалци и да прифати илјадници од оние кои не ги исполнуваат условите за добивање азил, се предвидува во нацрт соопштението.

Според наводите во него, лидерите на ЕУ ќе истакнат дека „нерегуларниот прилив на мигранти долж западнобалканската рута се ближи кон крај и дека таа рута сега е затворена“.

– ЕУ ќе биде заедно со Грција во овие тешки моменти и ќе направи се да и помогнеме во решавање на ситуацијата, се наведува во нацрт соопштението и притоа се додава дека тоа е „колективна одговорност на ЕУ која бара брза и ефикасна мобилизација“.

Ова соопштение ќе го разгледуваат 28-те лидери на земјите членки по состанокот со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

И австрискиот весник Стандард денеска објавува дека во Брисел се планираат драматични промени со цел решавање на мигрантската криза, меѓу кои е и затворање на балканската рута за мигранти.

На Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се планира и завршување на илегалната миграција и како приоритет ќе се постави запирањето на политиката на пропуштање од Грција до Германија, пишува виенскиот весник.

Врз основа на документот во кој како што наведува весникот имал увид, се предвидува дека Атина мора веднаш да направи место за 50.000 потенцијални баратели на азил како и тоа дека Грција ќе добие помош од ЕУ.

Мигрантите кои немаат шанса да добијат азил би требало во тој случај веднаш да бидат преместени во Турција, наведува весникот во интернет изданието.

Во написот што се темели на документот во кој весникот имал увид уште се наведува дека најдраматичната промена во политиката кон бегалците и мигрантите ќе биде донесена по средбата ЕУ-Турција во Брисел, со барањето за затворање на западнобалканската рута по
која досега минуваа тие.

Формулацијата според Стандард би била дека „нерегуларниот бран мигранти долж балканската рута се прекинува. Оваа рута е сега затворена“, која се наоѓа во изјавата што ќе биде усвоена на Самитот.

Многу од планираните мерки се базираат на договорите кои треба да бидат постигнати со Турција. Од Турција се очекува веднаш да биде конструктивна и да учествува во контрола на надворешната граница на Егејското море и да ги прифати оние мигранти кои не можат да добијат азил во Европа, во рамките на реадмисијата.

Притоа планиран и посебен договор за реадмисија меѓу ЕУ и Турција кој би стапил на сила на 1. јуни.

Пред тоа, на основа на билатерален договор треба да се делува од Грција. Исто така предвидено е и директно преселување на сириските бегалци од Турција во државите на ЕУ.

Во однос на ЕУ во изјавата се наведуваат неколку мерки кои треба да бидат применети во следните недели.

За да се спречат последиците од затворањето на балканската рута, односно натрупување на илјадници бегалци, ЕУ изразува подготвеност да направи се за да ја поддржи Грција во овој тежок момент.

Во документот се наведува дека се работи за колективна одговорност на Унијата која бара брза и ефикасна мобилизација на сите расположливи средства, но и придонес на земјите членки.

Итниот план на Европската комисија за хуманитарната помош ќе биде поддржан од шефовите на држави и влади на ЕУ, а за тоа се предвидени 700 милиони евра, од кои 300 милиони само оваа година.

Другиот дел се однесува до безбедноста, и предвидено е Фронтекс под итно да упати дополнителни службеници во Грција, на границата со Македонија и Албанија.

Исто така е предвидено да се обезбеди функционирање на првите прифатни центри каде што ќе бидат регистрирани бегалците и подготвувани за распоредување во државите на ЕУ.

Најдоцна до 1. април државите членки на ЕУ треба да ги стават на располагање службениците на Фронтекс, а Европол да ја засили борбата против криумчарите.

Во документот што го објавува Стандард се наведува дека договорот од Самитот треба да придонесе до крајот на годината сите земји да се вратат во Шенген, кога контролите на границите внатре во Шенген зоната треба да стане минато.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.