Published: Monday, March 7, 2016 18:00
Турција побара денес од ЕУ дополнителни 3 милијарди евра кои треба да се додадат на досега ветените 3 милијарди.
На самитот на ЕУ денес во Брисел Турција излезе со нов предлог.
За возврат на уште нови 3 милијарди евра, Анкара ветува дека ќе ги земе назад сите мигранти кои не можат да добијат азил во ЕУ и ветува дека остро ќе се бори против шверцерите.
– Дополнителните пари бараат нови буџетски процедури. Европскиот парлемент е подготвен да ги забрза процедурите, изјави претседателот на Европскиот парлемент Мартин Шулц на маргините на самитот по средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Тој изјави дека Турција е спремна да прими назад голем број мигранти вклучително и сиријски бегалци.




