Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од бегалци до отпадници – судбините на заглавените на Табановце

0
By Влатко Чаловски on March 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2016 20:35


Очитe на светската јавност се свртени кон кампот во „Идомени“ каде што околу 15.000 бегалци чекаат за влез во Македонија и да продолжат низ Балканската рута. Но малку кој зборува за околу 1.000 луѓе кои се заглавени на македонско-српската граница. Заглавени, заборавени и многу верoјатно отфрлени затоа што по новите правила само бегалците од Сирија и Ирак може да добијат азил, не и другите како овие Авганистанци кои тука се со недели бидејќи Србија не ги пушта затоа што ЕУ не ги прима.

Абдула е од Авганистан. Патот од неговата земја го почнал пред два месеца но наместо подобар живот, се најде заглавен на преминот во Табановце.

– 20 дена сум овде, 15 бев во Турција. Во земјата од каде што доаѓам е многу лошо, пукаат и Талибанци и Даеш, во нашето селе беше многу страшно, вели тој.

Слична е и приказната со друг Авганистанец. Неговиот сон е да стигне до Германија, но српските власти не му дозволуваат.

– Во Табановце сум можеби 19 или 20 дена. Полицијата не не пушта и рекао дека границата била затворена за Авганистанци. Нам не ни е јасно зошто не не пуштаат да одиме, објаснува тој.

Агонијата е малку поблага за граѓанин на Ирак, кој патува со синот и со сопругата и не губи надеж дека еден ден ќе работи како тон мајстор некаде на безбедно во Европа.

– Ужасно е, катастрофа, можеби не толку за мене колку за мојот мал син. Мојата дестинација е било каде на безбедно во Европа. Јас сум тон-мајстор и се надевам дека тоа ќе го работам, раскажува Ирачанецот притоа напоменувајќи дека тој бил и активист на социјалните мрежи, па оттаму и заканите по неговиот живот.

И додека зад камерите бегалците постојано од новинарските екипи бараа информации за денешниот самит посветен на бегалската криза, временските услови дополнително им го загрозуваат престојот во Табановце.

Оние кои беа на самиот влез кон Србија, а помеѓу нив и луѓе од ранлива категорија, сепак не се откажуваат во својата истрајност.

Табановце во моментов оперира над своите капацитети и веќе е исполнет бројот. Управителот на транзитниот центар, Горан Стојановски вели доколку се затвори Балканската рута, се размислува за преместување на импровизираниот ентериер со цел престојот на бегалците внатре да биде покомотен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.