Во следните 70 години мажите повеќе ќе заработуваат од жените, соопшти вчера во Женева од Меѓународната организација на трудот.
Според нивните анализи засега жените во просек заработуваат 23 % помалку од мажите. На глобално ниво, невработеноста на мажите е 72 %, а кај жените е 46 %.
– Во последните две децении жените значително го подобриле својот образовен профил, но тоа не резултираше со нивна подобра позиција на работа, се вели во извештајот објавен по повод Меѓународниот ден на жената 8.март.
Во извештајот исто така се наведува дека жените се претежно ангажирани со семејството и повеќе се грижат за децата, така што многу од нив не работат или заработуваат помалку.
Паралелно многу жени се одлучуваат да работат на „црно“ и во послабо платени професии, што резултира со големи разлики во приходите во минатите години.
Меѓународната организација на трудот нотира и дека околу 200 милиони постари жени во светот живеат без редовна пензија, а со истиот проблем се соочуваат и 115 милиони мажи.




