Десетици илјади луѓе денеска протестираа низ цела Франција против намерата на Владата на Франсоа Оланд за продолжување на работата недела која сега трае 35 часа, за 13 часа.
Протестите ги организираа Синдикатите и студентските организации, а според проценка на полицијата на протестот во Париз учествувале меѓу 27 и 29 илјади луѓе. Според организаторите пак, таа бројка била меѓу 80 и 100 илјади.
Со спорната реформа би се вовела измена со која би им се овозможило на компаниите да ја реорганизираат работната недела од 35 часа, воведена во 2000 година, на 48 часа неделно, додека дневно ќе биде дозволено да се работи 12 часа.
Во исклучителни околности вработените би можеле да работат и по 60 часа неделно.
Овие предлози предизвикаа голем револт кај синдикатите и младинските организации против француската Влада.




