Милијардерот Ингвар Кампрад, основач на синџирот за продажба на мебел – Икеа, својата облека ја купува од евтини маркети за да заштеди пари.
Кампрад, кој важи за многу штедлив милијардер, полни 90 години на крајот од овој месец. Во документарец кој ќе се емитува на една од шведските телевизии, вели токму таквиот начин на живот го направил Икеа многу успешен бренд.
– Мислам дека се што носам е од евтини маркети. Тоа само значи дека сакам да оставам добар пример, вели тој за шведската ТВ4, притоа напоменувајќи дека така бил воспитан за време на своето детство во земјоделскиот регион Смаланд.
Богатството на Швеѓанецот се проценува на околу 65.5 милијарди евра, но тешко е да се направи поделба од она што му припаѓа нему, на неговите деца и на семејната фондација.
Тој и во минатото поради слични изјави за штедењето беше на неколку насловни страници, а најзабележителна беше за потстрижувањето од 22 евра во Холандија, по кое рече го скратил својот буџет за фризер.
Во 2010 година веќе, се пензионираше од фамилијарната компанија за да им дозволи со неа да раководат тројцата синови, и оттогаш живее во Шведска.