Published: Saturday, March 12, 2016 15:47
Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц денеска отворено кажа дека не ја поддржува кандидатурата на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД.
Тој изјави дека ниту САД ниту ЕУ не се спремни за евентуално доаѓање на американскиот милијардер во Белата куќа.
-Европа не е спремна, ниту САД не се спремни за еден претседател кој по мое мислење нема никакво меѓународно искуство, изјави Шулц во интервју за француската телевизија И- Теле.
Според него Трамп припаѓа на оној тип на луѓе што ги има и во Европа, кои за секој проблем имаат по некое жртвено јагне, а не конкретно решение.
Социјалдемократот Шулц иако не директно, сепак се стави на страната на Хилари Клинтон, велејќи дека повеќе му се допаѓа една друга кандидатка.




