Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропаднаа обидите на странците за ТВ соочувања на МТВ

0
By Борјан Јовановски on March 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2013 21:26

Продуцентот Мартин Слатски  кој ги соочува кандидатите за претседател на САД, пренесувајќи го успешно тоа искуство преку Србија и Босна дојде во Македонија со цел да ги соочи кандидатите за градоначалници и не успеа.

Мартин Слатски со своето долгогодишно искуство од организирање на политички соочувања во рамките на проектот на “Националниот демократски институт” од САД требaше искуството на развиените демократии да го пренесе и во Македонија, а со тоа да придонесе и кон развојот на културата на дебатирање.

Проектот  во рамките на кампањата “Фер избори” требал да се рализира на програмата на МТВ 1 како јавен сервис. “Националаниот демократски институт “проктот го започнал уште лани во октомври, кога за идејата добил подршка од сите политички партии и МРТВ. Парите биле обезбедени од швајцарски фондови и од американската агенција ЈУ ЕС ЕЈД.

Се се одвивало според предвиденото се до почетокот на реализацијата, односно соочувањето на кандидатите за градоначалници во неколку општини избрани од изведувачите на проектот според утврдени критериуми кои ја земаат во предвид бројноста на населението и географската рамка на општините. Владејачката партија и МРТВ во последен момент ги отфрлиле понудите и проектот пропаднал.

“Поради околности кои не зависат од нас, “Националниот демократски институт” (НДИ) не беше во можност да постигне договор со Македонската телевизија во врска со планираните дебати на кандидати за градоначалници. НДИ искрено им се заблагодарува на сите кандидати кои учествуваа во обуките за дебатите, како и на партнерите кои работеа на оваа иницијатива”, пишува во кусото соопштение за неуспехот на овој проект на НДИ.
На оваа соопштение објавено на Фејсбук страницата на кампањата Фер избори може да се прочита ваков коментар:

“А кои беа околностите? Зарем македонските даночни обврзници нема да дознаат зошто националната телевизија одбива да ги потроши нивните пари од радиодифузната такса за организација на дебати кои се од суштествено значење за граѓаните?”

Од НДИ немаат дополнителни објаснувања.

Како што дознава НОВА, ВМРО ДПМНЕ се согласила за ТВ соочувања во Куманово, Карпош и Тетово, но не сакале  да ги прифатат предлозите за Прилеп, Битола и Аеродром затоа што за кандидатите за градоначалици на овие општини немало согласност да учествуваат на дебатите нема објаснување. Ваквиот став на владејачката партија го имало и раководството на МРТВ.

Во изјава за НОВА, одговорниот уредник на првиот програмски сервис на МРТВ Диме Ратајковски вели дека организаторите не ја консултирале МРТВ при истражувањата кои се правени на терен, како и за изборот на општините чиј градоначалнички кандидати требало да учествуваат во дебатата.

Како еден од проблемите за неуспехот кој ни ги наведе Ратајковски е и неможноста да се постигне договор за тоа дали дебатите ќе се снимаат или ќе се емитуваат во живо. МТВ имала став да не се дозоволи емитување во живо за да не дојде до некој инцидент при соочувањето.

По неуспехот на договорот со МРТВ, Националниот демократски институт реализираше соочувања на кандидатите за градоначалник во Скопје, Куманово и Тетово на кои не присуствуваа кандидатите од коалацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Дебатите беа емитувани на 24 Вести и неколку локални ТВ станици.

Проблемот на отсуство на дебати на јавниот сервис беше забележан и во извештајот на мониторинг мисијата на ОБСЕ и ОДХР за овие избори.

“Додека МРТ 1 не организира никакви дебати, на МРТ 2 сеодржаа 17 дебати помеѓу етнички албанските партии од кои мнозинството беа приклонети на ДУИ” се наведува во извештајот на ОБСЕ и ОДХР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.