Published: Sunday, March 13, 2016 20:34
Најмалку 27 луѓе загинаа, а 75 се ранети во експлозија на бомба во центарот на Анкара, во квартот Кизилаи, која се случи во 18 часот и 35 минути по локално време.
Полицијата го блокира овој дел од градот поради страв од нови експлозии, јавува агенцијата Анадолија.
.jpg)
Според приватната телевизија НТВ експлодирал автомобил, додека ТРТ јавува дека експлозијата се случила по судар меѓу автомобил и автобус.
Врховниот совет за медиуми издал наредба за забрана за објавување на вести снимки од местото на експлозијата, а забрането е и известување во живо од местото на несреќата.





