Партијата на Ангела Меркел е на второ место на регионалните избори кои денес се одржаат во три ландери во Германија – Баден Виртемберг, Рајнланд Фалц и Саксонија Анхалт, а големото изненадување дојде до партијата на зелените кои однесоа победа. Загрижувачки е фактот што популистите од Алтернатива за Германија (АФД) освоија помеѓу 10 и 12 отсто гласови.
Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел освои 27,5 отсто гласови а зелените 32 отсто што е вистинска премиера.
Според националните телевизии АРД и ЗДФ, во Рајнланд Фалц на западот на земјата ЦДУ доаѓа на второ место со 33 отсто гласови и веднаш за социјал-демократите кои имаат 37.5 отсто.
Во Саксонија Анхалт на истокот на Германја ЦДУ е победник со речиси 30 отсто гласови но со околу 22 отсто освоени гласови АФД станува втора политичка сила во тој ландер. Радилакната левица Ди Линке е на трето место.
Така популистите се всушност големите победници на овие регионални избори. Оваа партија беше формирана пред само три години а нејзината победа ќе ја комплицира задача на ЦДУ, на социјалдемократите и зелените во формирањето стабилни регионални коалиции.
АФД отсега ќе има претставници во 8 од 16 региони во Германија. Парламентарните избори се одржуваат за една и пол година а во меѓувреме се предвидени и други регионални избори.
Ко-претседателот на партијата Јорд Меутен изјави дека е среќен поради резултатите и додаде дека неговата политичка анти-имиграциска партија “не е расистичка и никогаш нема да биде”.
Резултатите на популистичката АФД е премиера во Германија од крајот на Втората светска војна. Од крајот на војната Германија секогаш се трудела да биде морален пример по сите нацистички злостроства. Кампањата на АФД се фокусираше на бегалската политика која тие ја оценуваат како премногу великодушна бидејќи Германија им отвори врати на повеќе од 1 милион бегалци во 2015 година.
Овие резултати се предупредување за големите германски партии кои веќе 70 години го доминираат политичкиот пејсаж во Германија. Според резултатите, премиерското место на Меркел не во опасност а нејзиниот рејтинг е се уште на високо ниво. Таа се уште не открила дали повторно ќе биде кандидат на изборите кои се одржуваат во септември 2017 година.




