За време на еден претрес во општина Форе на југот на Брисел попладнево, непознат број лица отвориле оган врз полицијата. Овој претрес се одвиваше во рамките на белгиската истрага околу париските атентати од 13 ноември 2015 година, изјави белгиското обвинителство.
Портпарол на полицијата објасни дека тројца полицајци биле повредени.
Се уште не е познато колку лица пукале врз полицијата но се знае дека двајца избегале преку покривите на куќите и ги оставиле оружјето во еден од подрумите.
Населението од општината доби препорака да не излегува од своите домови. Улицата во која се случи пукањето е затворена за сообраќај.
Белгиската полиција се уште е во потрага по лица осомничени дека играле улога во подготовката на атентатите во Париз во кои 130 лица го загубија животот. Истрагата досега откри дека атентатот бил подготвуван во Брисел а 11 лица беа обвинети. Осум од единаесетмината се во притвор.
Полицијата и понатаму трага во главниот осомничен Салах Абделслам кој, според некои информации, се криел три недели во стан во Брисел а потоа трагата му се губи.




