Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски ќе испрати инспекции во институциите кои принудувале на контрапротест

0
By Нова ТВ on March 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 16, 2016 13:48


Поради информациите дека е вршен огромен притисок врз јавниот сектор од страна на градоначалници и директори за присуство на контра-протест пред Уставниот суд, дополнителниот заменик-министер Александар Кирацвоски, рече дека ќе испрати управна и трудова инспекција во неколку градови.

Тој потенцираше дека институциите на системот мора да ја почитуваат волјата на граѓаните, а тоа подразбира и Уставниот суд, и кадрите кои раководат со партизираните институции од страна на власта на Никола Груевски.

– Според информациите со кои што располагам, вчера и денеска вршени се огромни притисоци врз вработени во јавниот сектор особено во општините, училиштата и јавните претпријатија, како и вработените во државните претпријатија. Притисоците се вршени лично од страна на директорите и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. На вработените им е наложено со директиви од нивните партиски шефови и со закани дека ќе останат без работа, да отидат на контра протестот пред Уставниот суд. Тоа се случува во Битола, Прилеп, Штип, Крушево, Кочани, Крива Паланка, Охрид и други општини, од каде од утрото се тргнати автобуси организирани од власта на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Кирацовски.

Тој посочува дека е очигледно дека вработените се вадат од нивните работни места во работно време и спротивно на нивна волја.

– Казните за директорите, раководителите, градоначалниците, за сите оние кои го правеле тоа се мошне сериозни и им порачувам да не ги занемаруваат! Масовниот протест синоќа на кој што слободно, по сопствена волја, присуствуваа над 12.000 граѓани, е гласна и силна порака и до власта на Никола Груевски и до партиските инсталации во Уставниот суд. Се враќа демократска Македонија! Промените почнаа и назад нема! Сите кои соработувале или соработуваат со режимот и противзаконски, противуставно нанеле и нанесуваат штета на правата и интересите на граѓаните, ќе одговараат, порача заменик-министерот Кирацовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.