Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на Еврејската заедница: Срамно е што Неделковски го негира Холокаустот

0
By Нова ТВ on March 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 16, 2016 16:36

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија реагира на колумна на Миленко Неделковски објавена на порталот „Дудинка“ со наслов Еврејското племе .

Според Еврејската заедница во земјава, колумнистот изнел огромен број ноторни невистини, провизорни констатации, злонамерни измислици и говор на омраза со кои јавно се шири антисемитизмот.

„Како кулминација, врвен монструозен заклучок и срамен чин е негирањето на Холокаустот. Негирањето на вистината за Холокаустот претставува акција на измама и заблуда, а уште пострашен е фактот што наметнувањето на искривена вистина е достапно до јавноста. Историјата на Евреите од Македонија од Стоби па натаму, вклучувајќи го огромното шпанско наследство, населувањето во Отоманската империја, Илинденското востание, фашистичката бугарска окупација, Народно ослободителната борба, настаните од Холокаустот со депортацијата и крајот во Треблинка, и уникатните аспекти од локалната и регионалната историја, па сè до сегашното присуство на Евреите во Македонија со својот придонес во општествениот, економскиот, научниот, културниот и уметничкиот живот, претставуваат докажана нераскинлива врска меѓу македонскиот и еврејскиот народ.

Во времето на целосната морална пропаст за време на депортациите на нашите роднини, сограѓани и пријатели постоеја луѓе – Македонци, кои ризикувајќи ги сопствените животи, собраа исклучителна храброст да ги задржат човековите вредности – тоа се праведниците, спасители на Евреите.

Повторуваме: Холокаустот е геноцид врз еврејскиот народ извршен систематски и легално, што претставува уникатен случај во историјата на човештвото. Во деновите кога Еврејската заедница и Република Македонија ја чествуваме 73 годишнината од депортирањето на 98% од еврејското население во Македонија остро се спротивставуваме на ширењето на антисемитизмот, негирањето на Холокаустот, дискриминацијата, расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и ислученоста. Затоа апелираме за јавна осуда и бараме искоренување на ваквите девијантни појави од сите чинители на општественото живеење.“ се вели во реакцијата.

Според Неделковски, пле­ме­то Аш­ке­на­зи е тво­рец на ми­тот за 6 ми­ли­о­ни по­гу­бе­ни Ев­реи во Вто­ра­та свет­ска војна, „иа­ко таа број­ка ни­ко­гаш не е до­ка­жана“. „Се­меј­ство­то Аш­ке­на­зи се кре­а­тoри на пер­цеп­ци­ја­та де­ка Евре­и­те се нај­го­ле­ми­те жрт­ви на на­цис­тич­ка­та сол­да­тес­ка за­ра­ди 6 ми­ли­о­ни мр­тви. Но, вис­ти­на­та ка­жу­ва де­ка Ру­си­те гу­бат 20 ми­ли­о­ни луѓе, што е три и пол па­ти по­веќе“, вели Неделковски и додава дека и Адолф Хит­лер во се­бе имал ев­реј­ско по­текло. „Аш­ке­на­зи се при­чи­на што во Ку­ли­те близ­нач­ки не­малo ни­ту еден Евре­ин за вре­ме на ко­лап­сот на три­те згра­ди во Њу­јорк“, додава водителот.

Колумната на Неделковски целосно може да ја прочитате тука

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.