Претседателот на САД Барак Обама денеска јавно го номинираше Мерик Гарланд, ветеран на Апелациониот суд за нов член во Врховниот суд. Судија Гарланд доаѓа на местото на конзервативниот судија Антонија Скалиа, кој ненадејно почина минатиот месец.
Смртта на судијата Скалиа, верен конзервативец, го остави девет-члениот Врховен суд подеднакво поделен помеѓу конзервативците и либералите.
Назначувањето на новиот член на Врховниот суд треба да биде ратификувано и од страна на Сенатот, но републиканското мнозинство претходно вети дека ќе го блокираат гласањето за било кој кандидат што ќе го предложи Обама.
Републиканците се противат на тоа што Обама добива можност за избор на нов судија на Врховниот суд во година на избори и велат дека ќе почекаат тоа да го направи неговиот наследник кој ќе победи на претседателските избори во ноември.
Како што соопшти Обама, тој посветил значително време за донесување на одлуката. Тој вели едка се консултирал со правни експерти, луѓе од политичкиот спектар, внатре и надвор од Владата. Обама вели дека секој член на Сенатот има одговорност да си ја заврши својата работа и да ја сфати номинацијата како сериозна обврска.
Републиканците се надеваат дека нивниот кандидат ќе победи на изборите во ноември, што би овозможило именување на конзервативен судија, како Скалиа, со цел да се одржи тесното мнозинство на конзервативци кое моментално владее во највисокиот суд.
јавната номинација до страна на Обама беше пренесувана во живо. За да ја погледнете снимката од обраќањето на Обама, прво треба да кликнете лајк на фејсбук страницата на Белата куќа.




