Published: Friday, March 18, 2016 12:56
Турската полиција соопшти дека на територијата на Турција денеска се регирстирани три инциденти во кои загинале две лица.
Во првиот што се случил утрово во Анкара непознат напаѓач убил полицаец и цивил во населбата Дикмен.
Претходно, турски струќњаци деактивирале експшлозивна направа оставена во автомобил во близина на владина зграда во југоисточниот дел на Турција во провинцијата Дијарбакир. Во возилото наводно имало 150 килограми експлозив.
Во Нусајбин пак е извршен бомбашки напад чија мета било полициско оклопно возило, но нема повеќе детали за инцидентот.
Во бомбашки напад во неделата во Анкара загинаа 37 луѓе, а 125 беа ранети.




