Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката Алтхауз: Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни

0
By Нова ТВ on March 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 19, 2016 08:24

Без прочистен избирачки список, без решено прашање за медиумите и одвојување на партијата од државата нема услови за фер и демократски избори во земјава. Ваква порака вчера упати германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, објави Алсат-м.

Таа вели дека сите овие обврски се клучни за земјава да ги надмине пречките кон кредибилни избори. А токму тоа ќе биде и можност сите партии да добијат еднакви и фер можности.

„Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни. Изборите не означуваат крај на еден процес, туку се само еден од многуте чекори кои земјата треба да ги преземе за да ја поврати својата евроатланска перспектива. Договорот од Пржино е се уште жив, тој е активен, некои делови од него се веќе спроведени, но за некои се уште се преговара“, рече Кристине Алтхаузер – амбасадор на Германија во Македонија.

Инаку, германската амбасадорка уште еднаш ја потенцира и важноста на препораките од Извештајот на Прибе. Според неа која било влада и да дојде ќе мора да ги спроведе итните реформи кои се бараат и од експертискиот извештај, но и од Европската комисија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тој не сака да ја коментира изјавата на амбасадорката, туку тој има обврска да ја почитува единствено одлуката на парламентот, а тоа е изборите да се одржат на 5 – ти јуни.

„Парламентот донесе одлука изборите да бидат на 5 – ти јуни и ние сме целосно подготвени за да излеземе на избори на 5 – ти јуни. Наша работа како политичка партија е да ја следиме одлуката на Парламентот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.