Published: Saturday, March 19, 2016 09:12
Причините за оваа авионска несреќа засега се непознати. Авионот се урна за време на вториот обид за слетување, на стотина метри од пистата. Непотврдени се информациите дека дошло до експлозија пред слетувањето.
„Во авионот имаше 33 жени, 18 мажи и четири деца. Сите во Флај Дубаи се во шок и длабока тага поради ова“, изјавија од авиокомпанија Флај Дубаи.
На Јутјуб се појави наводна снимка од несреќата.




