Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва дава отчет за сработеното. Во салата „Јане Сандански“, претседателот на партијата Никола Груевски прашува, министрите реферираат, а публиката во сала аплаудира.
-Едно време гледавме сто-кецовци, фиќовци, се обнови возниот план, какви се ефектите од тие мерки, колку луѓе ги искористија? го праша Груевски заменик-министерот за економија Кристијан Делев.
Публиката аплаудираше и за увозот на автомобилите, за роамингот, за даноците, за проектот Купи куќа – купи стан итн. По речиси секој отчет за проект во салата се скандира „Никола, Никола“. На масата до Груевски седнати се челниците во Владата, а во првите редови во публиката се и поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
Груевски во улога на водител на бината повика и човек кој ја искористил можноста од проектот „Купи куќа-купи стан“ да сподели искуство со јавноста.
-Ова се историски стории, ова е реалноста и оваа е доказ за нашата работа, рече Груевски.

-Покажавме како изгледа да се гради, да правиш реформи. Денес луѓето лесно може да направат споредба за тоа како било некогаш, а како е денеска. Нашата доверба донесе над 150.000 нови работни места. Ова не се фантоми, ова се луѓе. Во овој отчет има проекти од 2014 до 2016 година, но и некои проекти кои се реализирале до 2014 година.
Најголем дел од тоа што е ветено е остварено, и нешто кое не сме го ветиле, а сме го оствариле. Ете тоа нè прави различни. Покажавме како изгледа да се гради, да правиш реформи. Денес луѓето лесно може да направат споредба за тоа како било некогаш, а како е денеска. Нашата доверба донесе над 150.000 нови работни места, рече Груевски.




