Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романската обвинителка од која се плашат функционерите во посета на Македонија

0
By Нова ТВ on March 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 21, 2016 19:04

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси денеска беше во посета на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, каде се сретнала и разговарала со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На средбата, како што се наведува во соопштението од СЈО, било разговарано за повеќе теми од интерес на работењето на ова Јавно обвинителство, а воедно биле разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и потешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба.

Средбата со Јанева е во рамките на посетата на Кодрута Ковеси на земјава. Таа денеска се сретна и со јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Како што сопштија од Јавното обвинителство, двајцата соговорници заклучиле дека местото на Националниот директорат за антикорупција во системот на Република Романија соодветствува со организациската поставеност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси стана позната со истрагите со кои еден експремиер е в затвор, а на друг му се суди за корупција. Утре ќе учествува на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, дел од програмата за антикорупција на американската владина агенција за странска помош УСАИД што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Ковеси, која минатиот месец доби уште еден тригодишен мандат на чело на ДНА, ќе говори и за успешните примери за процесирање истраги за корупција на високо ниво во Романија. Во нејзиниот прв тригодишен мандат таа покрена истраги против илјадници високи функционери, од кои еден експремиер, Адијан Настасе заврши в затвор. Таа лани покрена истрага и против премиерот Виктор Понта додека тој сѐ уште беше на функција и даде налог за замрзнување на неговиот имот, по што беше покренато обвинение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.