По двете експлозии што се случија утринава околу 8 часот на бриселскиот аеродром, уште една експлозија се случи на метро станиците Малбек и Шуман кои се наоѓаат на неколку метри од европските институции.
Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинале во експлозијата на аеродромот во Брисел и дека има мртви во експлозијата во метрото Малбек но бројот се уште не е познат.
Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисокото 4то ниво а во тек е сесија на Советот за безбедност.
Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите. Тој и министерот за внатрешни работи изјавија дека ќе ја следат ситуацијата и дека се испитува тезата за терористички напад.
Според една поранешна изјава на министерот за внатрешни Јан Јамбон, кога една терористичка ќелија е разбиена, како што се случи по апсењето на Салах Абделслам во петокот, се активира друга.
Метрото е затворено исто како и целиот јавен транспорт, сите железнички станици, сите шопинг молови а евакуирана е и зградата на белгиската влада. Евакуирани се и сите централни улици во Брисел и властите бараат од населението на излегува во централните и европските делови на градот и да не ги напушта работните места ниту училиштата.
Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога што значи дека пристап во ЕУ институциите имаат само вработените.
Мобилната мрежа е преоптерена а операторите препорачуваат да се користат смс пораки и интернет.
По бриселските експлозии, францускот аеродром Руаси и северната железничка станица на Париз воведе посебни безбедносни мерки. Францускиот претседател Франсиа Оланд, премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни и одбрана се на состанок.




