Белгиското обвинителство потврди дека ескплозиите кои се случија утринава на бриселскиот аеродром и на две метро станици во близина на ЕУ институциите се терористички самоубиствени напади.
Првите две експлозии се случија утринава околу 8 часот на бриселскиот аеродром при што загинаа 13 лица а 35 сеповредени. Експлозиите се случија во најфрекфентниот дел од аеродромот каде што се чекират патниците.
Потоа се случија уште две експлозии во 9.15 на метро станицата Малбек во европскиот кварт во Брисел. Според последните информации потврдени од управата на метрото во двете експлозии загинале 15 лица, 45 се повредени од кои 10 се во критична состојба.
Експлозијата се случила во еднен од вагоните на метрото кое во тој момент било застанато на оваа метро станица.
Полицијата целосно го блокираше квартот и побара од сите вработени во европските институции чиј згради се наоѓаат во близината на метро станицата да не ги напушаат работните места.
Во меѓувреме се случи уште една експлозија во меторото на соседната метро станица Арт луа но според официјалните информации станува збор за експлозивна направа која ја деактивирале специјалните антитерористички едници на белгиската полиција.
Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинале во експлозијата на аеродромот во Брисел а 35 се ранети. Полицијата потврди дека има мртви во експлозијата во метрото Малбек но бројот се уште не е познат.
Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисокото 4то ниво а во тек е сесија на Советот за безбедност.
Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите. Тој и министерот за внатрешни работи изјавија дека ќе ја следат ситуацијата и дека се испитува тезата за терористички напад.
Според една поранешна изјава на министерот за внатрешни Јан Јамбон, кога една терористичка ќелија е разбиена, како што се случи по апсењето на Салах Абделслам во петокот, се активира друга.
Метрото е затворено исто како и целиот јавен транспорт, сите железнички станици, сите шопинг молови а евакуирана е и зградата на белгиската влада. Евакуирани се и сите централни улици во Брисел и властите бараат од населението на излегува во централните и европските делови на градот и да не ги напушта работните места ниту училиштата.
Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога што значи дека пристап во ЕУ институциите имаат само вработените.
Мобилната мрежа е преоптерена а операторите препорачуваат да се користат смс пораки и интернет.
По бриселските експлозии, францускот аеродром Руаси и северната железничка станица на Париз воведе посебни безбедносни мерки. Францускиот претседател Франсиа Оланд, премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни и одбрана се на состанок.




