Пораншениот градоначалник на Торонто во Канада кој канадските медиуми го опишуваат како весел политичар кој го следеа низа скандали, Роб Форд почина на 46 годишна возраст по боледувањето од рак, само неколку дена откако најави дека започнува со терапија која треба да го врати во живот.
– Со длабоко жалење и тага, фамилијата Форд објавува дека почина саканиот син, брат, сопруг и татко, градоначалникот Роб Форд, се вели во семејното известување до медиумите.
Форд, кој дојде на управувачката функција од редот на конзервативците, водеше живот популарен кај медиумите, а најзабележително беше видеото кое го објавија некои од светските медиуми на кое консумираше опојно средство.
– Бев засрамен не само за себе туку и за моето семејство, моите пријатели и поддржувачи изјави Форд по протекувањето на тоа видео кое на почетокот го демантираше.
Тој во неколку наврати се правдаше за консумацијата на алкохол, за хомофобичните изјави, за дрогата.
Роден е во Онтарио а политичката кариера ја започна во 2000 година кога влезе во градскиот совет на Торонто. Зад себе ја остави својата сопруга Рената и нивните две деца.




