Воениот водач на босанските Срби, во интервју дадено за Балкан Инсајд пред изрекувањето на пресудата Радован Караџиќ, вели дека „ниту еден разумен суд“ нема да го осуди за геноцид и воени злосторства, без оглед на доказите против него.
„Знам што сакав, што направив, дури и за што сонував, и не постои разумен суд што би ме осудил. Не е важно колку високи функционери на босанските Срби се осудени“, изјави Караџиќ во интервју за БИРН, пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија да му ја изрече пресудата по обвиненијата за геноцид и воени злосторства, која се очекува во четврток.
Во интервјуто, направено преку е-маил, Караџиќ се обидува себеси да се прикаже како миротворец, а не како организатор на масовни убиства, за што го товари обвинителството.
Тој вели дека не ги одобрува незаконските убиства за време на војната во Босна и Херцеговина, но и не презема одговорност за нив, тврдејќи дека немало официјална наредба за извршување на злосторствата, како што е масакрот во Сребреница.
Целото интервју може да го прочитате тука.




