Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Колку е куповната моќ а колку е долгот по глава на жител?

0
By Нова ТВ on March 23, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2016 15:41

Просечниот бруто домашен производ за 2015 година по глава на жител изнесувал 4. 401 евро или со толку пари годишно располагал секој жител на земјава.

Заводот за статистика објави охрабрувачки показател дека економијата лани пораснала со стапка од 3,7 отсто. Раст има кај потрошувачката, извозот и увозот, но стагнираат бруто-инвестициите кои се сметаат за атрибут во економскиот раст, пишува во новата економска анализа на Порталб.мк.

Дали и до кога економијата ќе продолжи да се потпира на градежниот сектор и колку сегашните стапки на раст реално го подбрија животниот стандард?

БДП расте, ама и долговите што ќе се враќаат во иднина

Политички неизвесната 2015 година заврши со економски раст од 3,7 отсто, главно потпрен на градежниот сектор, кое на ниво на целата година оствари пораст од 16,8%.

За разлика од градежништвото, ланската година земјоделството, преработувачката индустрија, јавната управа, одбраната не прикажаат позитивни стапки. Имено, кај преработувачката индустрија, статистика регистрираше пад од 2% а кај земјоделството -0,7%. Дел од економистите оценуваат дека стапката на раст на БДП е охрабрувачка, но и дека долгорочно градежништвото не може да биде клучниот потпорен зид за економскиот раст.

“Добар е растот во градежниството,но повекето се темели на непродуктивни објекти,а тоа неможе да донесе раст на подолг рок. Во другите сектори има пад и тоа е резултат на една неконзистентност на макроекономската политика и состојбите на економиите кај земјите што се наши извозни партнери, секако влијание имаат и други економски и неекономски фактори“, вели за Порталб универзитетскиот професор Димко Кокаровски.

Според последните објавени податоци, 2015 година заврши со БДП од 9,1 милијарда евра според раходен метод по тековни цени, или со БДП по глава на жител од 4.401 евро.

Економстите велат дека економскиот раст треба да се анализира преку споредба со другите параметри, односно колку тој раст реално го подбрува животниот стандард, каква е распределбата и каква е релацијата во односно на задолжувањата, односно дали Јавниот долг е во функција на растот на БДП.

Според податоците што ги објави Истражувачкиот центар за информатика при МАНУ, секој жител должи по 2.088 евра и ако се направи споредба со куповната моќ, тогаш секој граѓанин раполага со 4.400 евра, а половина од нив се веќе генериран долг.

“Како прво, ова е само јавен долг (и тоа нецелосен, т.е. без вкупните долгови на општините и неплатените обврски на државата), т.е. тука не е вклучен приватниот долг, односно долгот на граѓаните и на приватните фирми.

Кога тој би се вклучил, вкупниот долг би пораснал скоро трикратно. На пример, приватниот надворешен долг изнесува отприлика околу 4 милијарди евра. Приватниот домашен долг, т.е. денарските кредити на домаќинствата и претпријатијата, изнесуваат околу 3.5 милијарди евра. Тоа значи дека вкупната задолженост по глава на жител не е 2.088 евра, туку околу 6.000 евра, што е повеќе од БДП по глава на жител“ вели за Порталб економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ .

“БДП по глава на жител ја преценува економската моќ на населението. БДП по жител е околу 370 евра месечно, што значи 1.500 евра месечно за четиричлено семејство. Колку семејства кај нас имаат месечни примања од 1.500 евра? БДП во себе ги вклучува и профитите на фирмите, и амортизацијата која тие ја плаќаат за своите инвестиции, и услугите кои државата им ги обезбедува на граѓаните без тие да плаќаат за нив од џеб (безбедност, здравство, образование.

Затоа, постои голема разлика помеѓу БДП и расположливиот доход на населението (т.е. доходот кој што луѓето всушност го добиваат на рака). Расположливиот доход е многу помал, околу 50-60% од БДП, т.е. околу 2.500 евра по жител“, вели тој.

Ако се навлезе во структурата на БДП ќе се забележи дека во споредба со 2014 година, забавување освен на бруто-инвестициите, има и кај извозот и кај увозот. Така, лани извозот прикажал раст од 4,6 отсто, за разлика од 2014 година кога тој раст бил 18,2 проценти. На страната на увозот ланскиот пораст бил 2,4% а во 2014 имал стапка на раст од 16%. Во структурата на БДП, со удел и натаму предничи финалната потрошувачка, генерирана од државните буџетски политики.

Според дел од економистите, економскиот раст во релација со задолжувањата не одржлив и сегашните стапки реално не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на просечниот граѓанин.

“Подобро е да се гледа низ призма на парите кои што се плаќаат за отплата на долговите. Тие средства се многу пониски. На пример, иако јавниот долг на Македонија во 2015 изнесувал околу 4.2 милијарди евра, за камати на тој долг во 2015 се исплатени 105 милиони евра, т.е. 1.2% од БДП. Или, вкупните отплати за јавниот долг (со се главнината на обврзниците и сл.) во 2015 изнесувале околу 470 милиони евра, што е околу 5% од БДП. Слична е сликата и ако се гледа низ призма на домаќинствата. Според Анкетата за потрошувачката на домаќинствата, во 2014 година, македонските домаќинства во просек дале околу 4% од својот доход на отплата на кредити и заеми“, вели економистот Јовановиќ.

Податоците за економски раст во 2015 година ќе подлежат на можна ревизија. Лани, Заводот за статистика ја ревидираше стапката на економски раст во 2014 година од 3,8% на 3,5%. Највисоката стапка на економски раст беше измерена во 2007 година од 6,5%. Тоа е практично и највисокото ниво на измерен економски раст од 1993 та година.

Според податоците на надлежните институции, земјава во целиот овој период не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Имено, во овие 23 години, дури шест години се во знакот на криза, со негативна стапка на раст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.