Published: Wednesday, March 23, 2016 15:51
Францускиот Касационен суд пресуди денеска дека прислушувањето на Никола Саркози било легално и прифатливо како доказ, што значи дека на поранешниот претседател ќе може да му се суди за корупција.
Судот одлучуваше по жалбата на адвокатите на Саркози, кои сметаа дека истражните судии ги пречекориле своите овластувања и постапиле своеволно, кога ги прислушувале разговорите на Саркози со неговиот адвокат преку мобилен телефон.
Меѓутоа Касациониот суд ја отфрли жалбата, пресудувајќи дека снимките се валидни.




