Денеска во клубот “Менада” беше промовиран новиот албум на кубанскиот музичар Оскар Салас и неговиот ансамбл “Kубалкан”. Изданието е на Скопскиот џез-фестивал под наслов „Unfinushed Business“.
Продуцент на изданието е Тони Kитановски, кој е и автор на композицијата „Play is the work of children“. На албумот учествуваат и Оскар Валдез, Боби Мартинез, Нелсон Падрон и македонскиот композитор Дамир Имери.
Оскар Салас и е познат на македонската јавност по настапите со Тони Kитановски и со Георги Шарески.
Салас има соработувано и со легендарниот Дејвид Брн на албумот и турнејата „Rei Momo“.