НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не почне да преговара, власта ќе се соочи со синдикална пролет

0
By Нова ТВ on March 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Доколку во рок од две недели, Владата, министерствата за правда и администрација, не седнат да преговараат со Синдикатот околу Законот за судска служба, тогаш ќе следуваат уште масовни протести, порача денеска судската администрација на протест.

Над 1.000 судски службеници од повеќе градови низ земјата, точно напладне започнаа со протест пред Собранието на Република Македонија, а оттаму кон ресорните министерства и Владата. На власта и порачаа да научи да го слуша гласот на незадоволната администрација, а на министрите дека лошите закони ќе им се срушат како кула од карти.

– Министерке еве и денеска сме тука, ќе одвоите ли малку време да објасните зошто 5 проценти од вкупниот број на вработени во администрацијата мора да бидат казнети? Зошто со една оценка 1 се губи работно место? Зошто можноста за напредување во кариерата е непостоечка? Зошто се укина степенот на кариера и не се цени трудот на работниците?, рече Трпе Дејановски, координатор на штрајкувачкиот одбор при синдикатот на УПОЗ пред вратите на Министерството за администрација.

Лидерот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пеце Грујовски, пред Владата порача дека власта треба да покаже доблест и да отпочне преговори со синдикалните претставници.

– Едно можам да ви ветам, дека овие закони за административни службеници, за судски службенции итн., ќе паднат еден ден како кула од карти затоа што се неприменливи. И министрите и Владата знаат дека овие закони не чинат, ама не сакаат да си го признаат поразот. Дали ќе биде доблест ако кажат на барање на Синдикатот влегуваме во преговори? Ќе ви се срони ли бисерот? Зошто не игнорирате? Доколку во рок од две недели не добиеме повратен одговор, тогаш следуваат следните постапки со сите синдикати кои не поддржуваат, рече Грујовски пред Владата.

Денешниот двочасовен протестен марш беше мирен, а УПОЗ доби поддршка и од и од потписниците на „Повелбата за солидарност“, односно од Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници ССНМ, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, Левичарското движење „Солидарност“, Мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културните работници на Македонија и партијатаЛевица.

Сите порачаа дека власта мора да научи да го почитува туѓото мислење, бидејќи во спротивно оваа пролет ќе се соочи со силно синдикално здружување.

На денешниот протест му претходат два целодневни штрајкови во судовите, кои службениците ги започнаа од средата.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација го активираа штрајкот откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.