Убиството со пиштол во четвртокот во Белгија на човекот кој работел како чувар во Институтот за радио-елементи во градот Флерус не е поврзано со терористичките напади како што јавија многу медиуми, јавува белгиската агенција Белга.
Белга се повикува на обвинителството и вели исто така дека неговиот безбедносен беџ не е украден како што можеше да се прочита.
Станува збор за Дидие Просперо, чувар во безбедносната група G4S. Тој бил пронајден мртов, убиен со повеќе куршуми, во бањата на неговата куќа во Флерус. Неговото куче исто така било убиено. Неговите три деца го нашле таткото мртов кога се вратиле од училиште.
Во четвртокот вечер обвинителството од Шарлруа дошло на местото на настанот со форезничари.
Обвинителството силно ја демантира веста објавена во повеќе медиуми дека беџот на чуварот бил украден и истрагата вели дека убиството нема врска со терористичките напади во Брисел. Истрагата ја води криминалната секција на федералната полиција и не било побрано досието да го преземе истражен судија специјализиран за тероризам.
Мотивот за убиството не е се уште познат но истрагата следи две писти: кражба која лошо завршила и убиство од семејни и лични причини.




