Театарскиот и филмски актер, воедно и меѓу најпознатите водители на српските телевизиски канали, Маринко Маџгаљ почина по тешко боледување на 38-годишна возраст.
Маџгаљ е роден во Котор во 1978 а свои дела остави во Југословенскиот драмски театар, Народниот театар, Театарот Славија и други.
Најголемата популарност тој ја стекна во „Рањени орао“ и „Црни Груја“.
Заедно со популарниот Огнен Амиџиќ го формираа дуото „Фламингоси“ кои пак со пејачот Луис ја претставуваа Србија во 2006 година на Евросонг.
Маринко Маџгаљ минатата година во август беше опериран поради проблеми со панкреасот но никогаш не заздрави по операцијата.