Берни Сандерс, во трката за номинација како кандидат за претседателските избори на демократите освои три значајни победи против фаворитката Хилари Клинтон.
Сандерс на вчерашните избори ја победи Хилари Клинтон на Хаваите како и во сојузните држави Вашингтон и Алјаска, со што неговата кампања доби нов импулс во обидот да ја стигне Клинтон во трката за демократска номинација за претседателските избори во САД.
Според податоците на локалните комитети на Демократската партија на Аљаска сенаторот од Вермонт освоил 79 проценти од гласовите, а поранешниот државен секретар 21 процент.
Додека пак во сојузната држава Вашингтон, Сандерс освоил 76, а Клинтон 24 проценти. Сандерс и Клинтон учествуваат во трката за изборот на кандидат на демократите на претседателските избори на 8 ноември.




