Северна Кореја денеска прогласи дека е „во војна со Јужна Кореја“ и ги предупреди Сеул и Вашингтон дека секоја провокација би ескалирала во тотален нуклеарен судир.
„Почнувајќи од сега, нашите односи се во состојба на војна и сите прашања меѓу двете Кореи ќе се решаваат според протоколот во воено време. Долго трае ситуација на Корејскиот полуостров – ниту во мир, ниту во војна – конечно заврши”, се вели во соопштението, објавено од Севернa Кореја.
– Долготрајната ситуација на Корејскиот полуостров која не е ниту мир, ниту војна, конечно е завршена, наведе Владата, додавајќи дека евентуална провокација на САД или Јужна Кореја би покренала „нуклеарна војна“.
Двете Кореи технички секогаш биле во војна, бидејќи Корејската војна од 1950-1953 година завршува со примирје, а не со мировен договор.