65 лица се убиени а повеќе од 280 се ранети, главно жени и деца, во неделата навечер во експлозија во близина на градскиот парк во Лахоре, во Пакистан за време на прославата на католички Велигден. Одговорноста ја презема радикалното исламистичко движење Талибан.
Фракцијата на пакистанските талабани, која се нарекува Џамаат-ул-Ахрар, ја презема одговорноста за нападот. Асанула Асан, кој се претставил како портпарол на групацијата, рекол дека „Му испративме порака на премиерот Наваз Шариф дека влеговме во Лахоре. Тој може да прави што сака, но нема да му успее да нé запре. Нашите бомбаши самоубијци ќе продолжат со ваквите напади. Целта беа христијаните“, пренесе агенцијата Reuters.
„Бројот на жртвите се зголеми на 65. Траат операциите за помош. Побаравме помош од војската“, рекол Мухамад Усман, висок функционер на градските власти и прецизирал дека меѓу жртвите најмногу се жени и деца, бидејќи нападот е изведен во близина на игралиште за деца на паркиралиштетот на излезот од паркот Ѓулшан ел-Икбал. Итканал и дека бројот на загинатите може да се зголеми, бидејќи многу од повредените се во критична состојба.
Полициски функционер изјавил дека на местото на нападот се распоредуваат војници и потврдил дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.




