Published: Tuesday, March 29, 2016 09:22
Авион на египетската компанија „Еџиптер“ на домашниот лет меѓу Александрија и Каиро бил киднапиран и принуден да слета на Кипар.
Во авионот имало најмалку 81 патник, според соопштението на египетското министерство за цивилна авијација.
Си-Ен-ЕН јавува дека пилотот ги информирал дека авионот бил киднапиран од едно вооружено лице, кое тврдело дека има експлозивна направа.
Се работи за авион Ербас 320, МС 181, кој полетал од аеродромот Бурџ Ел Араб, Александрија, со дестинација до Каиро.




