Кинеските власти ќе ги укинуваат називите на улиците како што се „Менхетен“ и „Венеција“, поради како што појаснуваат, нивниот огромен број и наместо тоа инспирацијата ќе се бара во богатата традиција.
Министерот за цивилни прашања Ли Лигуо неодамна во говор на кинеската телевизија најави дека Владата ќе ги промени имињата на улиците кои ги има премногу, или се „увезени“ од странство за да се заштиоти националниот дигнитет.
– Во некои градови има премногу улици што се викаат „Менхетен“ или „Венеција“ што не само што ги збунува возачите, туку и ти создава чувство дека не си дома, вели министерот.
Во кинеските градови често во имињата на трговските центри или станбените комплекси ги има зборовите „елита“ или „дворец’, а во Пекинг постои станбен блок што се вика Централ Парк.




