Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп побара казна за жените кои абортираат

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 10:45

Кандидатот за номинација од Републиканската партија на изборите за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои абортираат би требало да бидат казнети.

Изјавата на Трамп кој е познат по контроверзните ставови и по други прашања, предизвика остри реакции од неговите потенцијални ривали кај Демократската партија, Хилари Клинтон и Берни Сандерс, но и од републиканските противкандидати Тед Круз и Џон Касич, како и на јавноста.

– Жените треба да бидат казнети на некој начин, изјави Трамп за ТВ мрежата Ем Ес Ен Би Си, во дебата на тема дали абортусот треба да се забрани.

Трамп овој контроверзен став го изнесе во интервју во емисијата на Крис Метјус, на прашањето, како мисли да го забрани абортусот, без да воведе некој вид казна.

Трамп прво се обиде да го заобиколи прашањето, изјавувајќи дека се уште не одлучил каква казна треба да биде тоа, но потврди дека мора да постои некој вид казна.

– Мора да има некој вид на казна, додаде тој.

На инстирирање на водителот за тоа каков вид казна би можело тоа да биде, Трамп изјави дека се уште не одлучил за тоа.

На прашањето дали мажот, со кој жената ќе остане бремена треба да биде казнет, Трамп одговори: „Не“.

Тој додаде дека неговиот став е за животот, односно против абортусот, со три исклучоци, но при тоа не ги наведе тие исклучоци.

Фаворитот во трката за номинација на кандидат на демократите, Хилари Клинтон изјави дека изјавата на Трамп е „ужасна и илустративна“. Нејзиниот изборен штаб истакна дека на некој кој толку многу ги презира човековите права на жената не му е место во Белата куќа.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс изјавата на Трамп ја оцени како срамна.

Дури и ултраконзервативниот ривал на Трамп, Тед Круз, републикански сенатор, евангелистит од Тексас, го обвини тајкунот дека би кажал што било за да привлече внимание.

Гувернерот од Охајо, Џон Касич, трет кандидат во внатрепартиската трка на републиканците изјави дека секако оти жените не треба да бидат казнети.

Соочен со реакциите на своите опоненти и јавноста Трамп подоцна изјави дека треба да бидат казнети лекарите, кои ги вршат абортусите.

Неговиот изборен штаб подоцна издаде соопштение, во кое не се спомнува изјавата за абортусот, а неговиот став е променет и овој пат фокусот е на лекарите кои го вршат абортусот.

– Доколку абортусот стане нелегален според американските закони, тогаш лекарот или кое било лице вмешано во таа интервенција би било законски одговорно, смета Трамп, како што се наведува во соопштението.

И покрај успехот, што досега го имаше на републиканските внатрепартиски избори, главен проблем за Трамп е да ги придобие женските гласачи.

Претходно во текот на кампањата жените ги нарекуваше „дебели свињи“, „неуредни“, „одвратни животни“, а неодамна го предизвика гневот на медиумите кога објави фотографија на сопругата на Круз покрај својата сопруга, која е поранешен фотомодел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.